Влез на бугарски капитал во банкарскиот, медиумскиот и градежниот сектор како услов за кревање рампата од Софија за Македонија во ЕУ?!

Влез на бугарски капитал во банкарскиот,медиумскиот сектор и во градежништвото за Софија да отстапи од ригидните позиции.Ова според високи извори во најголемата опозициска партија била еден од клучните услови на источниот сосед за отстранување на блокадата на нашиот пат кон Брисел.Според истите извори ваквите барања бугарските претставници неколку пати ги истакнале во разговорите со македонската страна. Неофицијално Софија била незадоволна од процентот на бугарски инвестиции во Македонија и од тоа што клучни компании кои биле нивен таргет не се во нивна делумна или целосна сопственост. А дел од ваквите планови Бугарија ќе се обидела да реализира преку акцискиот план за кој е во завршна фаза.

Еурактив веќе објави дека Софија откако во Декември го блокираше патот на Скопје кон Брисел се обидува да ја смени тактиката со предлози за бугарски инвестиции во Македонија. Ова како што беше наведено Захариева требаше да му го претстави на Бучковски, а потоа македонската и бугарската влада да го усогласат акцискиот план.

Алфа упати прашање до македонското министерство за надворешни работи за тоа дали Софија навистина упатила вакви услови за влез во овие три сектори и дали се точни пишувањата и на Еурактив, но не добивме одговор.

Премиерот Заев во интервју за Канал 77 пред неколку месеци ги негираше шпекулациите дека со Бугарија се воделе преговори за влез во банкарскиот сектор.

“Јас прочитав текст во еден бугарски медиум кој спомнува неуспешни примери на инвестирање во државата. таму зборуваа за една банка. јас знам дека акции на Комерцијална Банка пред година и пол две кои што беа во сопственост на шведски и словенски фонд се продадоа јавно. веројатно ако биле заинтересирани инвеститори од Бугарија тие на берза можат да купат ако мислат да си платат”, изјави Заев во Декември 2020 година.

Во неколку наврати изјавуваше дека постојат македонски и бугарски инвестиции во двете земји и дека да не била короната тие ќе биле уште поголеми.

“За време на корона кризата на пример, тие се некои осум девет месеци имаме повеќе од 12 инвестиции бугарски овде во Северна Македонија. Имаме две македонски многу добри во Бугарија. Значи се случуваат инвестиции. Ако не беше короната веројатно ќе беа уште многу поголеми инвестициите”, изјави Заев во Ноември 2020 година.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изјави дека јавноста имаправо да знае што ќе содржи акцискиот план со источниот сосед и запраша дали освен на идентитетските и историските прашања ќе опфати и одредени бизнис релации. Министерот Османи пак во односите со Бугарија наместо емоции смета дека треба да има рационалност.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста