„Влен“ ги претстави приоритетите: Закон за правична застапеност, наместо балансер

„Влен“ ги претстави приоритетите: Закон за правична застапеност, наместо балансер

Преминуваме на дела. Под ова мото министрите од Колаицијата „ВЛЕН“ ќе работат како дел од идната влада за промени во Македонија. Сузбивање на црните облаци со корупција кои ги создаде хибридниот режим на СДСМ и ДУИ во изминатите седум години. Сто милиони долари пари за општините само за 2024 година, за да има побрз општински развој и инвестиции кои треба да стигнат до секој граѓанин без разлика дали живее во централното градско подрачје или пак до најпланинските предели во Македонија. Враќање на изгубената доверба во судството укинување на економските директори во болниците.

Ова беа главните пораки кои ги испратија првите луѓе од коалицијата „ВЛЕН“ и идните министри и заменици на денешниот настан „Преминуваме на дела“. Тие ги претставија идните проекти кои ќе и бидат приоритет на новата влада на Македонија.

Идниот министер за екологија Меџити, рече дека „ВЛЕН“ ќе биде новиот политички фактор кој ги претставува Албанците со легимититет достоинство и одговорност, а коалицијата е новата политичка структура која ќе биде носител на успешната институционална транзиција и ќе го направи секој Албанец горд.

„Нема да играм фудбал со министрите во кабинетот, нема да излегувам со куфер пред јавните инстотиции, нема да се занимавам со бизнисите на „Лотарија“ и „Соравија“, рече Фатмир Меџити предлог за вицепремиер и министер за екологија

Меџити рече дека балансерот нема да биде укинат туку дека ќе се уреди со закон. На тој начин правичната застапеност биде испочитувана за сите, а ќе се пази и да се донесат квалитетни решенија и кадри за администрацијата.

„Последните години има секојдневни и многу често каде Македонци се запишуваа како Албанци, Албанци како Турци, значи не беше во функција на правичната застапеност. Воедно ќе се пази на квалитетот што оди во прилог на сите заедници во државата“, рече Фамир Меџити-предлог за министер за екологија.

Идниот министер за здравство Таравари рече дека новата влада ќе работи на четири главни столба. Првата е забрзување на европскиот пат на Македонија, за кој коалицијата ВЛЕН ќе биде гаранција, потоа бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, економскиот развој на државата и подигнување на стандардот, рамноправен регионален развој и зајакнување на општините. Таравари рече дека прво како министер за здравство ќе почне да ги гаси пожарите кои ги направија претходниците, а кои не биле малку.

„Прво мора итно да се реши проблемот со компресорите во операционите сали во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и разрешување на сите економски директори“, рече Арбен Таравари-предлог за министер за здравство.

Претседателот на движењето БЕСА, Биљал Касами рече дека доаѓа време на промени и дека конечно падна империјата која наместо во образованието инвестирала во казина, наместо да донесе правда го хранела криминалот и наместо да вложувала во економскиот развој ја зголемувала корупцијата од која се збогатиле само неколкумина од СДСМ и ДУИ. 

„Ние ќе ја спроведеме европската практика на децентрализација што значи повеќе буџет и моќ за донесување одлуки за нашите општини“, рече Биљал Касами претседател на движењето Беса и градоначалник на Тетово.

Идните министри, заменици министри и раководители на институции од коалицијата „ВЛЕН“, ветија дека ќе бидат пример за во иднина како треба да се работи. Ветија професионален интегритет, транспарентност и работливост во сите општествени сфери.

Коалицијата „ВЛЕН“ ќе има шест министерства во идната влада. Ќе ѝ припадне позицијата прв вицепремиер, со која ќе извршува Изет меџити. Тој ќе биде и министер за екологија. Оваа коалиција ќе има уште едно вицепремиерско место за добро владеење, со кое ќе раководи Арбен Фетаи. Таравари ја напушти градоначалничката функција во Гостивар и ќе биде новиот министер за здравство. Фатмир лимани ќе биде министер за социјална политика, демографија и млади, а бесар Дурмиши е новиот министер за економија и труд.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )