ВЛАСТИТЕ ВО ЛИБАН БАРААТ СПАС, НАРОДОТ СО НАМЕРА ДА ЈА УРНЕ ЦЕЛА ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА

Гневните и тажни демонстранти во Бејрут ги прочитаа имињата на 171 лице загинати во експлозијата на тамошното пристаниште, која минатата недела уништи голем дел од градот, притоа повикувајќи на оставка на либанскиот претседател Мишел Аун и други официјални претставници кои ги обвинуваат за трагедијата.Собрани во близина на местото на самата експлозија, жителите носеа фотографии од жртвите, а на големи екрани се повторуваа снимки од експлозијата и облакот чад што се појави над Бејрут на 4 август, откако се детонираше високо експлозивен материјал складиран на пристаништето со години, без соодветни безбедносни стандарди.Во експлозијата се повредени и околу 6.000 луѓе, а стотици илјади останаа без своите домови.

Advertisements