Власта зборува за мнозинство кое се уште го нема, опозицијата бара оставка од Заев

Ќе има ли прекројување на политичките сили во законодавниот дом? Откако по седницата за гласање на доверба на владата актуелното мнозинство го изгуби легитимитетот бидејќи бројот на пратеници е 59, ситуацијата сега е статус кво. Најавите за стабилност и окрупнување бледнеат, а во меѓувреме ниту еден пратеник не прејде на страната на СДСМ И ДУИ. Дека мнозинство во корист на власта не постои потврдува и министерката Радмила Шеќеринска. Се воделе разговори, бидејќи целта била да се обезбеди квалитетно мнозинство.

И додека премиерот Зоран Заев одбива соочување со јавноста, неговиот прв заменик Артан Груби веќе ги повика сите пратеници од албанскиот блок да застанат на иста страна доколку сакаат европска перспектива. Груби  не гледа ниту политичка криза, владата била стабилна.

Но наместо поддршка од албанските партии, Груби доби ладен туш. Од коалицијата Aлијанса/Алтернатива му вратија со контра барање –  пратениците од владиното малцинство да се приклучат на прогресивната опозиција за спас од криминалната власт. Засега ниту пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи кој стана главна причина за не гласањето недоверба на владата на Заев не најви дек преминува на страната на СДСМ и ДУИ.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска бараат одговорност од Заев. Да ги исполни ветувањата за оставките и да замине од функциите.

Се уште е неизвесно како ќе функционира Собранието без јасно утврдено мнозинство, особено што пред пратениците веќе на дневен ред е ставена и расправата за Буџетот.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста