Власта во Штип, попушта пред револтот на родителите

Нема да се плаќа за месеците додека градинките поради пандемијата се затворени, на овој начин првиот човек на Штип реши да го изгасне пожарот којшто два дена тлее на социјалните мрежи. Ваквиот предлог на локалната самоуправа следи  откако  родителите на над 800деца од предучилишна возраст јавно се пожалија дека само во една од вкупно двете градинки во градот им е побарано  да платат по 521 денар за изминатите пет месеци. Надлежните  денес се правдаа дека тоа се паушали наменети за тековно работење и одржување на градинките и родителите редовно ги плаќаат во летните месеци или познато како чување на место.

„Токму поради ова ги имавме овие консултации и координации и донесовме ваква одлука и имаме ваков став и заклучокпосле нашите состаноци и средби поради што на градинките ќе им биде потребно поддршка. Тоа се средства кои во редовни услови и околности треба да се платат кон градинките„ – изјави Бочварски.

Иницијатива за ослободување на родителите од плаќање до Соверот на Општината ќе поднесе и советничката група на Вмро-Дпмне од каде што објаснуваат дека во договорот којшто родителите го склучуваат со градинките не постои точка со која се задолжуваат да плаќаат за период кога градинките се под катанец.

„Градинката како Итар Пејо се повикува на договорот кој го потпишува со родителите и согласно кој, навистина треба да плати матрејални трошоци доколку детето не оди во градинка, а се чува неговото место , меѓутоа градинката заборави дека спооменатиот период истата стави катанци на своите врати„- изјави Ничева.

Во меѓувреме двете градинки се подготвуваат за од септември повторно да ги отворат вратите. Според протоколите треба да се намали бројот на деца во групите.

„Со протоколите уредено деца од 0-2години во група можат да бидат шест, додека за останатите да бидат по 15деца максимум„-изјави Билјана Трајчевска- директор на Детска градинка Астибо-Штип.

Одлука за ослободување на родителите од дополнителни трошоци во време додека градинките се затворени поради пандемијата има во Виница и Кочани, а деновиве ќе се одлучува и во Македонска Каменица.

 

Александра Ристевска 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста