Власта упорно се откажува од доделување на награди во чест на македонските дејци

Власта упорно се откажува од чествување на македонските културни и национални дејци, при што се чини дека е подготвена да го пушти низ вода дури и кумирот на скопските социјалдемократи, писателот Славко Јаневски. Град Скопје нема пари за наградата Роман на годината на фондацијата „Славко Јаневски“. Иако минатата година градската управа самоиницијативно даде парична поддршка за наградата, овојпат се предомислија, па во 5 до 12 решија дека нема да помогнат.

На фејсбук страната на фондацијата пишува дека градот Скопје ја повлекол поддршката за манифестацијата и наградата Роман на годината.

Sвездан Георгиевски од организацијата Славко Јаневски вели дека ова е изненадување и удар врз работата на фондацијата, се сомнева дека ваквиот чекор е последица на неговата јавна забелешка дека иако град Скопје ја прогласил 2020 година за година на Јаневски, никој освен семејството и фондацијата не положил цвеќе на вечното почивалиште на писателот.

Тој за медиумите вели во декември била објавена програмата за поддршка на јавните институции кои се под град Скопје и во таа програма Романот на годината стои во активностите на културно инфомативниот центар, но од непознати причини пред една седмица дознале дека пари и помош од градот нема да добијат.

Таа одлука уште стои на веб страницата на Град Скопје до овој момент. Меѓутоа и од КИЦ (културно инфомативниот центар) не убедија дека добиле мејл , со кој се повлекува подршката за „ Романот на годината“. Се обидовме да најдеме начин , официјално да добиеме соопштение. Но , не добивме, вели Ѕвездан Георгиевски, член на фондацијата „ Славко Јаневски“.

Алфа побара став од град Скопје, но од таму без детални информации, велат,  финансираат три други проекти на фондацијата со 170 000 денари годинава и дека неискористените до крај доделени пари од лани, се причини за наградата од национално значење да се побараат средства од Министерството за култура, зашто приоритет на Градот се проекти од локален интерес.

Ова не е прв случај традиционалните награди во чест на македонските дејци да замираат со чудни објаснувања од институциите.

Веќе трета година по ред се поизвесно е дека нема да се додели наградата Гоце Делчев. Доделувањето прв пат беше откажано во 2018 година, со образложение оти се доцнело со роковите. Минатата година, пак од Комисијата објавија дека наградата нема да се додели поради недостиг на финансиски средства. Оваа година од Владата со ново објаснување истечен бил мандатот на членовите на Комисијата која го распишува конкурсот, а се уште не била закажана собраниската седница за избор на нови членови на Одборот.

Дел од стручната фела алармира оти власта ја откажува наградата Гоце Делчев за да им удоволи на источните соседи кои ја спорат историската припадност на големиот револуционер. Од Владата пак се правдаат дека  Договорот со Бугарија не влијаел на доделувањето на наградата.

Последниве неколку години не се додели ниту традиционалната државна награда за публицистика и новинарство, Мито Хаџивасилев Јасмин.  За ова од Владата велат оти номинираните кандидати не ги исполниле условите па Одборот одлучил да не ја даде наградата.

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста