Власта скрои 4,4 милијарди евра буџет за 2022 година

Високи 4,4 милијарди евра, ќе тежи државната каса во 2022. Буџетот за наредната година е скроен историски најтежок и предвидува повеќе пари безмалку за се. Поголеми капитални инвестиции, поголем раст на платите, но и поголемо задолжување и повисдок дефицит. Власта е оптимист дека наредната година ќе успее да собере 3,9 милијарди евра приходи, или 7,4% повеќе од приходот проектиран за годинава.

  • Расходната страна на државната каса за 2022 година е планирана на 4,4 милијарди евра и овој износ е за 1,4 проценти поголем отколку во 2021 година. Во Буџетот, во текот на наредната година се предвидуваат да се соберат 3,9 милијарди евра, или 7,4 проценти повеќе од приходот проектиран за годинава, рече министерот за финасии Фатмир Бесими на прес конференцијата.

Рече дека ќе има раст на платите и на вработените во образованието од 7 отсто и тоа е согласно колективниот договор, како и за вработените во културата чие зголемување се должи на обврските предвидени од колективниот договор според кои растот се поврзува со зголемувањето на минималната плата.

Бесими рече дека е предвидено зголемување на платите и на инспекциските служби за 10%, а ова покачување се прави согласно закон според кој ова е трето зголемување, трета година по ред.

Според министерот, буџетскиот дефицит ќе изнесува 4,3% од БДП или 544,4 милиони евра. Ќе се враќаат и 188 милиони евра веќе позајмени пари. Од овие 441 милион евра ќе се обезбедат од домашни извори, а 346 милиони евра од странски извори. Јавниот долг ќе продолжи да расте 65,5% од БДП на крајот на годината. Стабилизацуија се очекува дури по 2025 година

Министерот не кажа колку точно пари се предвидени за помош на домаќинствата кои до година ќе се соочат со поскапи сметки за струја. Но затиоа уверува дека се очекувало стабилизација на енергетската криза кон средината на следната година. Не е јасно ниту како и од што ќе се покриваат загубите на енергетскте компании, кои најверојатно ќе паднат на грбот на граѓаните.

– Капиталните расходи се 37,8 милијарди денари, а буџетскиот дефицит е 33,3 милијарди денари. Како што може да се види, буџетскиот дефицит е помал од капиталнит расходи. Тоа е златното правило во јавните финасии што го прави овој буџет развоен и според теоријата и во пракса – рече Бесими.

За наредната година власта предвидува близу 600 милиони евра за изградба на патишта, железници, односно доизградба на Коридорите 8 и 10. Министерот ги претстави и новите извори на финансирање: развојна, зелена, проектна обврзница и обврзница индицирана со инфлација. Буџетот сега треба да оди во Собрание, но дилемата е дали таму ќе има некој и да го усвои со оглед на случувањата на политички план. Премиерот е во оставка, а нема најава за ново мнозинство, ниту пак за собраниска седница.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста