Власта се крсти во странските инвеститори, но што реално прави за да ги привлече и да создаде поволни услови?

Власта се крсти во странските инвеститори, но што прави за реално да ги привлече и да создаде поволни услови тие и тука да можат да работат? Ако се слушнат поплаките на бизнис заедницата, многу малку. Тие алармираат дека законските регулативи дури и ги одвраќаат странските експерти и компании.

Променливата даночна политика која ја форсираше оваа власт, односно ја воведе па ја укина е еден од клучните проблеми. Дополнително и комплицираните процедури за работни дозволи. Во овој дел сме една од најкомплицираните земји во Европа. Реагираат стопанствениците, но реагираат и дипломатите во земјава.

– Постојат неколку критични точки за кој италијанските компаниите се пожалиле, често се среќаваат со долги и комплицирани бирократски процедури кои не секогаш се јасни, како и со недостиг на квалификувана работна сила. Се разбира трета област за која се жалат странските компании е владеењето на правото, рече амбасадорот на Италија, Карло Ромео.

– Визниот режим за дозволите во Македонија е катастрофа. Ние сме една од најтешките држави во која треба да може да се добие работна дозвола. Луѓето се скоро како илегалци и покрај тоа што се донесени со добра волја на инвеститорите поминиуваат низ тешки процедури, рече Антони Пешев од Стопанска комора на Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста