Власта повика да нема црна кампања, а недолични фотографии од Мицкоски ја преплавија Македонија

Власта повика на чиста кампања, но таа иако се уште официјално не е започната, веќе е црна кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Летоци со неосновани напади кон лидерот на опозицијата, последниве денови осамнаа низ целата држава. Пораките „Христијан Мицкоски- потрчко и извршител на Груевски“ или „Програма на ВМРО-ДПМНЕ- обнова на режимот“, сигурно не се во духот на кампањата на каква што барем декларативно повикува владејачката СДСМ. Ваквите напади ги осуди и техничкиот премиер Оливер Спасовски, порачувајќи дека така се покажува непочитување кон граѓаните.

-Преголемата пропаганда, ширењето на лажни вести, подметнување, тоа значи пред се непочитување на граѓаните. Уште еднаш апелирам до политичките субјекти на таков однос, сериозен однос при оваа кампања. Да се спротивстават концептите за тоа каде ја гледаме нашата Република Северна Македонија во иднина, изјави денеска Спасовски.

Техничкиот премиер претходно изјави дека очекува претстојната кампања да биде една од највалканите, Мицкоски пак на тоа одговори правејќи паралела дека „диригентот налага како оркестарот ќе свири“.

-Доколку тој не е способен на тоа што се нафатил, а очигледно не е способен да ја менаџира во вистинска насока оваа работа, тогаш ќе имаме валкана кампања и да, подготвени сме да одговориме на тие валканици до крај. Така што тој предизвик го прифаќам и ќе одиме до крај, рече Мицкоски.

Инаку, кампањата официјално започнува на за повеќе од 20 дена, своите програми политички партии официјално треба да почнат да ги презентираат од 23 март.

 Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста