Власта попушти – Ќе има зголемување на платите за 10 проценти од први јануари

Десет проценти зголемување на платите за просветните работници од први јануари е договорот што го постигнаа Министерството за образование и СОНК.

Одлуката штотуку ја објави министерот за образование и наука, Арбер Адеми на прес конференцијата којашто сѐ уште е во тек.