Власта на големо ги задолжува граѓаните, стопанството алармира дека се троши недомаќински

За високи 3.550 евра до сега е задолжен секој граѓанин во Македонија, па дури и неродените бебиња пради алармантните прогнози за јавниот долг. Земјава до март годинава должи 7,1 милијарда евра што е 62,5% од БДП. Колку за споредба, во 2019 година, секој човек бил задолжен за 2.750 евра, што по 15 месеци, задолжувањето се зголемило за дури 800 евра, пари што власта ги троши недомаќински.

Дека тоа е така, потврдуваат бројките објавени од министерството за финансии, каде јасно е наведено дека со новите проекции планот е долгот да расте. Со стратегијата за управување со јавниот долг е предвидено до 2025 година тој да се задржи над психолошката граница од 60% од БДП. Тоа за бизнисмените е погумно за една држава, каде сме задолжени до гуша, па згора на се задолжени се друи и неродените бебиња. 

  • Дали знаете дека нашите деца многу не чинат, ги подготвуваме, ги учиме, и на крај после спремни ги даваме да работат во друга држава, задолжени, тоа е нашата трагедија, вели за Алфа Миле Бошков од Организација на работодавачи на Македонија

За некаква стабилизација на долгот според Миле Бошков, потребни се реални мерки меѓу кои и намалување на непродуктивните трошења од Буџетот, па после тоа ќе биде тешко да се задолжува земјава и понатаму нема да може да го издржи отплаќањето на кредитите.

  • Постојано Владата вложува во непродуктивни трошења, наместо да вложи во капитални инвестиции и капитални добра, тоа е недомаќинси начин на работа. Затоа ние мора да се насочиме да трошиме рационално и домаќински, зашто ова вака расфрлање не води до никаде. Така да само политчарите слабо се справуваат со долгот, со инвестициите, со образованието, културата и еден куп работи кои тапкаат в местп, додава Бошков.

Но за власта нема простор за загриженост. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи потврди дека проекциите се оти до 2025 година тој ќе се одржува на ова ниво, а потоа постепено ќе почне да паѓа, затоа што се очекува БДП да расте со стапки многу повисоки од тоа што би требало да расте јавниот долг.

Инаку мината година ја завршивме со задолженост од речиси 6,5 милијарди евра или 60,2% од БДП. До 2010 година долгот беше под 2 милијарди евра или 27,2% од БДП. А за последните 15 месеци тој е зголемен за дури 13% или во пари за 1,6 милијарди евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста