Власта ќе го турка предлогот за Јавното обвинителство по секоја цена, предметите на СЈО ќе продолжат, ако не според овој, тогаш според Законот за кривична постапка

Дебатата за Законот за јавно обвинителство се враќа повторно меѓу работните групи.Ако власта не успее да обезбеди консензус и 80 пратеници со ВМРО-ДПМНЕ ќе го турка по секоја цена. Една од опциите за двотретинско мнозинство им е независната пратеничка група, слично како со уставните измени. Според министерката Дескоска, предметите на СЈО мора да продолжат. На јавната дебата не чула аргументи за тоа опозицијата да го предлага јавниот обвинител.

“Една од забелешките што ја истакнува опозицијата е дека не сакаат да се дозволи постапките да продолжат. Ако нема изрична одредба дека продолжуваат, тогаш тие ќе продолжат согласно Законот за кривична постaпка”, рече Дескоска.

Стручната јавност посочува на недостатоците на законот. Професорот Тупанчевски апелира дека случаите на СЈО не можат да се преземат од обвинители во основните обвинителства.

“Може само јавен обвинител кој што е јавен обвинител во обвинителство за организиран криминал”, рече професорот Тупанчевски.

Зголемените ингеренции на обвинителот кој ќе раководи со обвинителството за организиран криминал и корупција, неограничениот мандат и начинот на избор исто така беа критикувани.

“Не е ниту ограничен изборот. Барем да напишеле има право на реиизбор уште еднаш. Ваквата одредба е да се номиниира неограничен бврој пати, а препорака на Венецијанската комисија е на шест години со оглед на стажот”, рече универзитетскиот професор Александар Даштевски.

Собранието треба да се распушти на 12 Февруари. Тоа е последниот рок евентуално законот да биде изгласан од овој собраниски состав.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста