Власта и опозицијата ги сменија улогите на Косово

Oпозицијата победи на Kосово, а Aлбин Kурти е новата звезда на косовската политика..

Неговото движење „Самоопределување“, на вчера одржаните вонредни парламентарни избори на Косово, освои 25,6 проценти од гласовите, „Демократскиот сојуз на Косово“, на Иса Мустафа, со 24,89 отсто освоени гласови е втор, а досега владеачката „Демократска партија“ на Кадри Весели – е третопласирана, со добиени 21 проценти од гласовите.. Курти, уште синоќа ја прогласи победата..

„мудроста на нашиот народ во решавачките моменти беше ништо помалку од фантастична. сега ние треба да работиме. но повторно заедно со граѓаните. никогаш настрана или позади граѓаните. секогаш заедно“-албин курти, лидер на самоопределување

Прашањето кое сега доминира, е , каква ќе биде политиката на Курти кон Србија.. Лидерот на самоопределување, во интервју за виенскиот весник „Стандард“, дадено непосредно пред вчерашните избори, најави, дека ќе ги укине таксите за српски производи, и дека ќе почне дијалог со србите на Косово, уште во првата недела од мандатот..

тоа досега ниту еден премиер го нема сторено, а е многу важно прашање.. веќе во првиот месец, исто така ќе мора да видиме, до каде сме со 33-те спогодби, кои досега ги склучивме со белград, изјави Курти за виенски стандард.

А „Српска листа“, со чии претставници ќе треба да преговара идниот косовски премиер, освои значителни 6,71 проценти, на целата територија на косово, или 90 проценти од гласовите, во сите српски средини, резултат, кој српскиот претседател александар вучиќ, го оцени како одлична бројка, со која Србите на Косово ќе бидат одлично претставени.

Движењето „Самоопределување“, досега никогаш не било дел од власта во Косово.. Иако, веќе се прогласи за иден премиер, Албин Курти е исправен пред тешки преговори за составување на коалициска Влада.. Особено, поради куриозитетот на вчерашните избори на Косово, кои донесоа пораз на двете партии, предводени од команданти на овк, кои досега ја делеа власта – демократската партија на Косово, на чело со Кадри Весели, чиј лидер, своевремено беше косовскиот претседател Хашим Тачи, и Алијансата за иднина на Косово, на премиерот – Рамуш Харадинај..

Лазар Тмелков