НАЈНОВИ ВЕСТИ

Власта и опозицијата со коалициски комбинаторики за 12 април

И власта и опозицијата со коалициски комбинаторики. Прават последни калкулации за партнерите со кои ќе ја бараат довербата од граѓаните на 12 април. ВМРО-ДПМНЕ преговара со повеќе политички партии. БЕСА повеќе не е опција за најголемата опозициска партија.

“Не би сакал да зборувам со кого конкретно сме во преговори и разговори. Кога ќе има промена на дневна основа, ќе ја известиме јавноста. Преговараме со многу политички партии. Но, за нас е најважно тоа што на 12 април, несомнено и недвојбено, ќе се случи најголемата историска победничка коалиција од осамостојувањето на Македонија, а тоа е победата на коалицијата „Обнова на Македонија“. Постизборно, потоа, можеме да преговараме и разговараме со сите политички партии”, изјави Мицкоски.

Од СДСМ не откриваат до каде се преговорите со БЕСА. Ќе преговараат со сите кои ја поддржуват нивната програма Заев најави можна коалиција, но неизвесно е кога ќе се сретне со Касами.

“Нема да давам никакви хипотетички одговори имаме време до моментот кога може тоа јавно да го споделиме. Како одговорна и демократска партија отворени сме за разговори со сите политички субјекти кои ја поддржуваат програмата на СДСМ, а секако станува збор за обезбедување на подобар животен стандард на граѓаните и силната поддршка на ЕУ перспективите, ќе преговараме и разговараме со сите освен со ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе можеме нешто јавно да споделиме ќе кажеме официјален став и ќе бидете запознаени”, изјави Костадин Костадинов.

Пратеничките листи треба да бидат готови до 12 Март. Изборната кампања започнува 11 подоцна.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста