Власта го„реши“ проблемот – Струмичката болница доби амбулантно возило за кое не знаат дали функционира

Со возило од валандовскиот Центар за спасување надлежните пробаa да го изгаснат пожарот што на социјалните мрежи викендов, го запали директорот на струмичката болница – барајки од граѓаните донации за ново амбулантско возило. Возилото веќе е во кругот на болницата, но допрва ќе се проверува неговата состојба.

“Ние добивме возило од Центарот за спасување од Валандово. Тоа е старо возило, дадено ни е на договор еден месец да го користиме ние, Општа болница Струмица. Возилото е донесено кај нас. Сега треба да провериме дали може да се користи или не.Ама се надевам дека ќе биде добро возило”- изјави Наќе Гогов, дир.на Општа болница-Струмица

Струмичката сага околу болничкото возило, уше еднаш докажа дека власта е во некоординиран хаос, без стратегија за излез од кризата. Првично, ново возило најавија за два месеци, но под притисокот од јавноста вчера соопштија дека возило ќе се обезбеди утре, за денес веќе да биде паркирано во дворот на болницата. Гогов објаснува дека со ова возило воопшто нема да се реши проблемот, бидејки имат само две, а болницата е полна со пациенти.

“Откако побаравте донации, експресно ви го решија прблемот, така ли?..Не е комплетно решен, но пак е добродојдено ова возило. Ќе ни помогне барем малку да ја ублажиме ситуацијата.“  – изјави д-р Наќе Гогов-дир.на Општа болница-Струмица.

Алфа побара  министерството за здравство да искоментира зошто цели два месеци ќе ги оставеа пациентите од југоистокот и здавствените работници да се борат со возила стари две децении. Зарем требаше јавно да се образложи проблемот, па надлежните експресно да реагират. Наместо конкретно објаснување добивме одговор дека примарната здравствена заштита е клучна алка во здравствениот систем и зајакувањето на капацитетите  е од курцијално значење за подобра заштита на граѓаните.Не одговорија ниту на прашањето од каде и како толку брзо успеаја да го обезбедат Од министерството објаснуваат дека возниот парк низ државата ги задоволува потребите на пациентите.

Најголемиот здравствен капацитет во југоисточниот дел според дректорот на болницата Гогов располага само со две возила, стари повеќе од две децении.Поради нивната амортизираност често се случува да има дефект по патиштата, па тогаш се приморани да бараат помош од здравствениот дом во Струмица.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста