Власта го осудува кршењето на двојазичните табли, но не кажува дали некој ќе сноси одговорност

Власта го осудува кршењето на двојазичните табли, но не кажува дали некој ќе сноси одговорност. По серијата инциденти во повеќе градови низ државава, каде се искршија таблите во знак на револт бидејќи таму не живее албанско население, вицепремиерот Бујар Османи на различна линија од поранешниот премиер.

Проблем не гледа, а за дел од инцидентите смета дека се неоправдани и дека граѓаните не ги познавале законите.

– Законот е јасен. Подрачните единици на министерствата или институциите кои покриваат најмалку една општина во која има повеќе од 20 проценти Албанци се довјазични институции. Тоа значи дека подрачните единици во Прилеп кои ја покриваат општината Долнени исто така се двојазични затоа што според Законот покриваат најмалку една општина со 20 отсто Албанци, како и во Велес кои ја покриваат општината Чашка, а тамошниот Фонд за здравство дури го покрива и Липково, рече Османи.

Ваквиот став на Османи е спротивен на оној на Заев, кој на тв дуелот со Мицкоски се правдаше дека поставените табли во општините каде нема албанци било грешка. Но ова според Османи, значело само погрешна интерпретација.

Алфа уште вчера побара одговор од Владата дали ќе има одговорност. Но и оттаму владее молк.

Османи само порача дека треба да им се дозволи на надлежмните во Инспекторатот и Агенцијата за имплементација на законот за јазици да ги испитаат случаите.

Борис Грујоски