Власта го одби предлогот на опозицијата за специјална комисија за борба против Ковид-19

Власта останува глува на предлозите на експертската јавност и опозицијата за поефикасно справување со корона кризата.Филипче е против идејата на ВМРО-ДПМНЕ за специјална комисија за борба против Ковид-19. Ја одбил иницијативата која му ја образложил Вело Марковски иако едно од местата во новото тело би било токму за министерот. Останатите девет членови би биле тројца инфектолози, по двајца епидемиолози, микробиолози и по еден имунолог и интернист. Според ВМРО-ДПМНЕ комисијата за заразни болести одамна е исполитизирана.

“Одлуките на комисијата за заразни болести се советодавни. На ова тело би биле обврзувачки”, изјави Антонио Милошоски.

Филипче во ова гледа неконструктивно делување и намера за собирање дневно политички поени. Комисијата за заразни болести која го советува според него е професионална.

“Во комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област. од почетокот на кризата, сите одлуки, препораки и мерки на комисијата за заразни болести се носат врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните”, вели Филипче.

СДСМ пак и натаму стои на ставот дека треба да се изгласаат мерките предложени со измените во законот за заштита од заразни болести. Ја обвинуваат опозицијата за одолговлекување и велат дека време за одложување нема. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ го сметаат за деструктивен.

Сепак голем дел од законските предлози се заглавени во собраниска процедура поради тенкото парламентарно мнозинство на власта

Меѓу оние кои чекаат собраниско одобрување е четвртиот сет економски мерки . ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека нивните сугестии и иницијативи не се прифаќаат, а мнозинството предлага закони кои се штетни за граѓаните.

Со измените кои веќе се во собрание тренба да се ограничат собирите на јавни простотри по 22 часот семејните собири и да станат задолжителни маските и на отворено.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста