Власта ги заборави ветувањата кон Медената Атиџе, ни работа, ни песна, повторно си остана сама со пчелите

Ништо од ветувањата кои протагонистката од документарецот Медена земја пред четири месеци ги доби од градоначалникот на Лозово. Ниту стана туристички водич, ниту снимаше песни, ниту пак доби нов кров на куќата во Дурфулија.

Алфа тргна во потрага по одговор на прашањето дали надлежните  го искористија ликот на Атиџе Муратова за ситни политички поени. Последната одгледувачка на диви пчели која со својата скромност го воодушеви светот не беше во селото. Подолго време е во Беќирлија, раскажуваат селаните. Сега е време за роење на пчелите и таа е таму со нив. За среќа налетавме на нејзината другарка од детството. Ни кажа дека последен пат се виделе во понеделникот. Сепак црвениот тепих и Оскарите воопшто не ја промениле скромната душа на пчеларката.

Валентина Атанасова не одведе до новата куќа на Муратова. Кровот не беше сменет –со ова падна во вода уште едно од ветувањта на градоначалникот Велевски. Нашата потрага по вистината ја продолживме кај семејството Сам, останатите ликови во Медена земја. И тие се пожалија дека добиле само празни ветувања.

Оскарите не ја прославија само Атиџе. Свои пет минути слава добија и селата Беќирлја и Дурфулија

Денес Алфа проба да стапи во конакт и со првиот човек на Лозово Ацо Велковски.Прво беше на состанок, па потоа не замоли во порака да му напишеме зошто го бараме. Одговор на прашањето кога ќе се реализират ветувањата  не добивме.

Семејството Сам кое има осум деца замоли да упатиме апел до сите добронамерници да им помогнат со храна, облека и чиста постелнина.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста