Влае, Капиштец, Буњаковец – Скопје повторно излепено со „Еден народ сме“

По неуспехот во историската Комисија и пропаднатиот обид да се реши судбината на македонскиот револуционер Гоце Делчев и да се договори промената на учебниците, бугарското друштво „Македонија“ повторно го преплави Скопје со налепници „еден народ сме“ и претопени македонско и бугарско знаме. Промовирајќи ја бугарската теза дека сме биле еден народ во две држави …

Грѓаните кои се јавија во редакцијата на Алфа регираат дека неколку локации низ главниот град, особено во Влае, Центар, во близина на Католичка црква, биле преплавени од ваквите налепници. Потврдуваат дека се обиделе и сами да ги одлепуваат, противејќи се на она што се дозволува да се прави пралелно со билатералните разговори. Ги повикуваат институциите да веднаш да реагираат.

Ова е втор пат за еден месец организацијата предводена од Виктор Стојанов еден од најголемите пропагандисти за бугарското потекло на Македонија, да испраќа пораки дека македонскиот јазик бил бугарски, а народот е еден. Стојанов и на социјалните мрежи споделуваше видеа со кои испраќа порака дека Охрид и Скопје се бугарски градови. Оваа герила акција следува откако и самата фондација „Македонија“ најави и дека  се подготвени 10.000 шарени лепливи стикери кои ќе се лепат по улиците на сите градови во Македонија.

Инаку тезата за тоа дека сме биле еден народ ја актуелизираше бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој во 2018-та порача дека било задолжително да се споиме со Бугарија, бидејќи ние сме еден народ во две држави. Еден народ живее и во Македонија и во Бугарија, има луѓе што се определуваат поинаку, но тоа не е проблем.  Ако Бугарија и Македонија немаат граница како што треба да биде од Охрид до Црно Море, тогаш грците ќе се чудат што ќе се случи што ќе стане во Костур, во Лерин, во Воден, во тие окупирани од грците територии, порача тогаш Џамбаски.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста