Владо Милев се врати во Џио Струмица каде ќе игра и ќе биде спортски директор

Ланскиот одбојкарски првак на Македонија Џио Струмица објавува дека го потпишал Владо Милев кој се враќа да му помогне на тимот и на терен, но и во организацијата зошто универзалецот ќе биде и спортски директор. Еден од нашите најдобри одбојкари во новиот век со ова ја завршува европската одисеја со која тој во последната деценија и пол мина низ девет земји и 13 клубови. Владо Милев ќе биде големо засилување за екипата на Џио Струмица која по доминацијата во последниот период, во последната, незавршената сезона, доби конкуренција во Вардар.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста