Владиниот Совет за координација на тајните служби без клучен играч

Дали подобен разузнавачки кадар за СДСМ е единственото кадровско решение за да профункционира Совет за координација на безбедносно – разузнавачката заедница, тело кое ќе има пристап до извештаите од сите безбедносно разузнавачки служби во државата. Синоќа Владата, го избрала составот на Советот но не и клучната позиција Секретар на  Канцеларијата на Советот, а без него не може ниту да функционира телото, ниту пак да функционира Законот за координација на безбедносно разузнавачките служби, што власта го претстави како клучна реформа во таа сфера.

Законот за службите беше донесен пред неколку месеци, составот на Советот избран синоќа, но повторно не комплетиран, бидејќи не успеале да изберат Секретар на Канцеларијата.  Владиното тело кој е клучен сегмент за националната безбедност на државата,  не го комплетирале од единствена причина бидејќи немале кадар, брифираат наши извори од Илинденска. Ако СДСМ нема кадар, дали тоа значи дека ни државата нема разузнавач кој би ја вршел функцијата на Секретар на канцеларијата на Советот? Законот предвидува посебни услови за оваа позиција, меѓу нив и стаж во безбедносно разузнавачката служба најмалку 10 години. Секретарот има мандат од две години, а во неговиот тим влегуваат и двајца аналитичари од безбедносно разузнавачката служба. Сите позиции се на предлог на Влада и канцеларијата е под владина контрола, што значи дека оваа тело нема собраниски или цивилен надзор за работата.

Извештаи од агенциите за разузнавање, контраразузнавање, како и военото, пристап до извештаи, од тајните служби,  оценка на  објективноста и релевантноста на доставените извештаи, од службите, проценки и ризици за националната безбедност на државата сето тоа е во надлежност на Канцеларијата. Во Советот, од синоќа, членуваат премиерот Заев, вицепремиерот Садула Дураки, министрите за внатрешни, одбрана и надворешни и првите луѓе на агенцијата за национална безбедност, разузнавање и воено разузнавање. Претседателот на државата иако е врховен командант законот предвидува само да биде информиран но не и да има клучна улога во безбедносно разузнавачката сфера.

 

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста