Владини функционери и службеници ќе се тестираат за ковид во приватна лабораторија

Владините функционери приватно ќе се тестираат за ковид 19. Владата преку тендер си набавила 260 ПЦР тестови. За еден тест се издвоени 1.900 денари, а вкупно тие чинеле околу 8.000 евра. Договорот со приватната лабораторија бил  потпишан пред 12 дена.

Зошто тестовите се набавени од приватна лабораторија, кога тие не се наплаќаат за осигурениците кои имаат здравствено осигурување? – Од Владата за дел од медиумите појаснија, дека на тендерот се пријавиле 4 компании била избрана најповолната понуда. Како што наведуваат од таму, право да учествуваат имале сите лабаратории, вклучително и Институтот за јавно здравје каде всушност тестот доколку се прави приватно е поевтин за 50 денари, од избраната сума на тендерот.

Премиерот Заев прв пат слуша за овој договор за набавка на тестови, но уверува дека верува во начинот на работа на државните инстиуции,односно ИЈЗ.

За потребите на своите вработени досега тестови не набавила ниту една институција, настрана од здравствените институции. Ниту еден денар немало да ги чини тестирањето вработените во Владата доколку закажале термин преку нивниот матичен лекар за разлика од случајов, кога тестирањето чини околу 30 евра. Тестовите што со народни пари се купени предизвика бура од реакции во јавноста, затоа што граѓаните во текот на цела година – се соочуваа со десетици денови чекање за ковид тест.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста