Владината мерка „Викенд без ДДВ“ не ги даде очекуваните резултати

Владината мерка „Викенд без ДДВ“ не ги даде очекуваните резултати. Иако Владата првично очекуваше промет од 170 милиони евра за викендов, сепак тоа не се случи. Во викендот без ДДВ остварен е промет од речиси 9 милиони евра.

  • Во деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година, вкупно 204.088 граѓани купиле македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ. Притоа е остварен промет од 558 176 715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66 853 929 денари, информираат од УЈП.

Ваквите бројки се далеку од најавите на власта која се фалеше дејка меркатѕа ќе даде огромен резултат. Сега, откако ефектите се речиси никаквуи, премиерот Зоран Заев се правда со сиромаштијата и кризата

  • За оваа мерка ќе се вратат некаде околу 1,5 милион евра. Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, зошто мерката викенд без ДДВ не беше успешен.

Како што рече тој, ќе се врати многу помала сума од планираната на сметките кај граѓаните, затоа што во ек на оваа криза граѓаните штедат пари.

  • Доколку граѓаните сакаат, може да има следен викенд без ДДВ за две или три недели, но најверојатно ќе ги алоцираме останатите средства за друга намена, се правда Заев.

Дека мерката Викенд без ДДВ ќе биде без ефект предупредуцваше и опозицијата. Тие реагиораа дека таа е задоцнета, но и се спроведува во услови на пандемија. Од ВМРО ДПМНЕ бараат наместо еден, да има 4 викенди без ДДВ за граѓаните.

За време на викендот, опциите за поврат на ДДВ за граѓаните беа ограничени самоза купување македонски производи и ИТ опрема. 

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста