Владата спас од фијаското со преговорите за влез во ЕУ ќе бара на локалните избори?
Власта наместо да оди на предвремени избори, откако пропадна уште едно нивно ветување за почеток на преговорите со ЕУ, најверојатно спас за брза одговорност ќе бара во локалните избори.
По новата шлаканица од Брисел дека Македонија и натаму нема да започне да преговара со Унијата, граѓаните очекуваат некој да се соочи со вината, но и превземе одговорноста, оти името го сменивме, за историјата преговараме, а датум не добивме.
Дел од аналитичарите сметаат дека по вакво фијаско единствено што се очекува е владата да го врати мандатот и да организира предвремени избори, но за кратко ќе има локални избори и народот ќе го каже своето мислење, па Владата така успева да си купи уште некој месец владеее, вели Божиновски . Сепак локалните избори ќе бидат тест за дали народот се согласува или не со политиките на Заев.
Доколку немаше сега локални избори, се разбира дека требаше да се очекува Владата да си поднесе оставка и да оди на предвремени парламентарни избори. Што се однесува до самата одговорност со оглед дека имаме локални избори на есен , односно во октомври , тоа е всушност одлучувачкиот момент кога граѓаните ќе го кажат својот став….вели за Алфа, аналитичарот Владимир Божиновски.
Исходот од локалните избори најверојатно ќе биде и причина дали по нив ќе се одржат и предвремени парламентарни избори.
Во 2019 година кога Македонија доби своевидно вето од Франција заради новата методологија, тогаш Заев рече дека предлага брзи избори оти не сме добиле датум. Што го спречува премиерот сега заедно со локалните избори, да се организираат и предвремени избори, останува отворено прашање, оти веќе еднаш заради неговото долго неисполенто ветување излезе на избори. Инаку премиерот Заев и неговата влада низ целото негово владеење неколку пати кажа дека датум сме добиле, но датумот за влез во ЕУ се уште го нема.
Мери Ѓорѓиевска