Владата се огласи: Ќе се испитувало, па ќе се одлучува дали се уште ќе шетаат чизмите на Дардишта во Телеком

Ќе газат ли чизмите на Шкодране Дардишта во одборот на директори на Македонски Телеком? Одговор да или не, од Владата нема. Тек ќе се испитувало дали бил прекршен Кодексот на работа на именуваните јавни фунцкионери.

-Сите избрани и именувани функционери се должни да го почитуваат Кодексот за етичко постапување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата. Во спротивно се покренува иницијатива за испитување одговорност и нивно разрешување, доколку се потврди дека го прекршиле Кодексот. Принципиелно, како и во неколку досегашни случаи, Владата пристапува со сериозност и на овој случај, соопштија од Владата.

Пораката на Дардишта гласи: „Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не се сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе се изгорите во него“. Овој случај го разгледувал и Обвинителството.

-Јавното обвинителство ги следи информациите и ќе ги испита сите околности во врска со објавата. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, Јавното обвинителство ќе постапи согласно своите надлежности, велат од ОЈО.

Инаку Македонски Телеком преку соопштение се огласија за зборовите на Дардишта. Велат тоа било нејзин приватен став, повикувајќи ја Владата да реагира.

-Македонски телеком се оградува од приватниот став на госпоѓа Шкодране Дардишта изнесен на социјалната мрежа Фејсбук. Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави госпоѓа Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски телеком, велат од Телеком.

ДУИ преку официјално соопштение пак ја поправаше Дардишта, не говорела за војна, туку за избори. Додека партијата ја правда и дообјаснува, партискиот лидер Али Ахмети, вели ваквиот нејзин став бил контра контра принципите и каузата на неговата партијата.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста