Владата распиша тендер за набавка на кондоми, лубриканти и хив тестови
Во време на економска криза, владата, поточно министерството за здравство распиша тендер за набавка на 150.000 кондоми, 37.000 кондоми со зголемена издржливост и 50.000 лубриканти.

Ова се случува кога владее економска и здравствена криза. Македонија има најлоша слика во регионот по заболени од КОВИД-19, министерот објавува тендери кои не се на помош за оваа епидемија која владее и е на праг вториот бран. Во Македонија до сега има над 17.000 лица заболени од вирусот и над 700-тини починати.
Имено, минатата година министерот за здравство, Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набави 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти. А, пред неколку месеци, во октомври минатата година, владата набави 20.000 шишиња лубриканти.