Владата прогласи кризна состојба на северната и јужна граница

Владата на денешната седница донесе одлука за постоење кризна состојба на дел од територијата поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти.

Кризната состојба стартува на 2-ри јули и ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила. Со тоа се активира и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање.

Со оваа одлука Владата го задолжи Главниот штаб при Центарот за управување со кризи да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на републиката, да направи преглед на расположливите човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување. Органите на државната управа треба да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста