Владата не размислува за помош на стопанството и најпогодените сектори, велат здравјето било пред сè

Владата во моментов не размислува за помош на стопанството и најпогодените сектори, иако тие со недели алармираат дека едвај опстојуваат на пазарот. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, рече дека барем за сега, нема да има седми пакет на економски мерки за спас на фирмите и граѓаните. Според него, туристичко-угостителскиот сектор бил потпомогнат со 14% од вкупната помош према стопанството, наспроти нивниот придонес во бруто домашниот производ кој бил помал.

  • Во овој момент не се размислува за седми пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од корона кризата. Здравјето на граѓаните пред се, ако треба да се прави компромис помеѓу економска мерка за угостители  и здравјето на граѓаните и борбата за зачувување на здравјето на граѓаните, ќе одбереме здравјето на граѓаните. Сум кажал претходно, сме докажале дека секој еден изгубен денар, во секој еден сектор ќе се надохнади кога тоа навистина ќе е потребно за тоа ќе седнеме и ќе разговараме, секако сметам дека во овој момент навистина сите треба да сме спремни нешто да поставиме, наспроти борбата што не чека сите, а тоа е енормното зголемување на бројот на заразени од корона вирусот и борбата за живот секојдневно што ни е многу поважено од се друго. Сметам дека разговори ќе имаме, но јас и во неколку прилики сум кажал дека угостителскиот како и туристичко хотелскиот сектор навистина е погоден не само во Македонија насекаде низ светот, но треба да видиме колку тие навистина придонесуваат и колку добиле. Во изминатите пакети овој сектор е потпомогнат со повеќе од 14% од вкупната помош која што е дадена во стопанството, наспроти нивниот придонес во бруто домашниот производ кој што е навистина многу помал, рече Битиќи.

Најпогодените сектори се жалат дека имаат огромен пат на работата дури до 70%, но и покрај ова, од Владата велат дека засега здравјето на граѓаните било најважно.

  • Ако треба да се прави компромис помеѓу  економска мерка за угостители и здравјето на граѓаните, здравјето на граѓаните е пред се, потенцира Битиќи.

Порача дека и претходно докажале дека секој загубен денар во секој сектор ќе се врати  кога тоа ќе биде потребно.

  • Затоа ќе седнеме и ќе разговараме. Сметам дека во овој момент сите треба  да сме подготвени нешто да оставиме наспроти борбата што не чека против енормното зголемување на бројот на заразени од коронавирусот и секојдневната борба  за живот која е многу поважна од се друго, рече Битиќи.

Во меѓу време, угостителите, туристиичките работници, менаџерите на трговските центри, вработени во обложувалниците, сите пред камерата на Алфа се пожалија дека прометот им бил опаднат од 50% до 70% изминативе две недели. Тврдат дека се оставени на цедило. Ако не добијат владина помош, ќе бидат принудени да им поделат откази на десетици илјади вработени. Од почетокот на пандемијата до сега, 50.000 луѓе останале без работа. Според Агенцијата за вработување бројот на невработени во земјава се искачил на 150.000. Бројот на фирми, пак, кои пропаднале во првите шест месеци од годинава се искачи на 5.000. Централниот регистар само лани, избришал 6.214 компании, од регистрирани 7.077 фирми.

Дека овие загружувачки бројки се поразителни, постојано предупредуваше стопанството, кое во очај бараше повеќе државни пари за спас на компаниите, кои го преживуваат најлошиот период од нивното работење.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста