Владата најавува инвестиции од милијарди евра, од големите пари ниту денар за туризмот

Владата ја заборави најбрзорастечката гранка од екомијата која се’ до пред пандемијата ја полнеше државата каса-сега во буџетот ниту има доволно пари за преживување на туризмот, ниту пак се планираат инвестиции во оваа индустрија. Ако е за верување,Владата без да наведе конкретни информации,се пофали дека во наредниот период во Македонија ќе се инвестирале околу 8 милијарди евра,но од нив ништо не е предвидено за развој и поддршка на туризмот, гневни реагираат туристичките работници.Тие не испуштија да ја спомнат и изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој се гради цели 7 години а има непроценливо значење за нашата туристичка мека, Охрид.

Меѓутоа тотално разочарување беше кога откривме дека во тие 8 милијарди евра скоро и да не постои индустрија што се вика туризам и угостителство.Не можеме да зборуваме за развој на туризмот и угостителство ако државата во наредниот период не двои по неколку десетици, да не кажам и стотици милиони евра инвестиција поддршка и субвенции за развој на истиот.Мислам дека е тотално фијаско на државата со тоа што во изминатите неколку години дозволи да не го доврши патот велиЗдравко Јосифовски-Независна угостителска комора.

Приодите кон градов, патната инфраструктура, заслужуваат да бидат проритетно средени рече Михаил Мишев-Охридски Еснаф.

Угостителите се осврнаа и на акцијата со која покрај рушење на довоградбите вдолж крајбрежјето,беа опфатени и објектите со кои стопанисуваа довчерашните концесионери на плажите.

Рушење во моментов без соодветна стратегија, дали понатаму и како ќе се користи во склоп на туризам и угостителство плажата или локацијата, сметам дека е само избрзано и краткорочно решение кое ќе направи ненадоместливи штети-рече Здравко Јосифовски-независна угостителска комора.

Еден од најголемите проблемисе и протоколите кои се неприменливи односно се носат во последен момент.Ние уште лани поднесовме унифицирани предлог протоколи за работа на угостителските објекти од целокупната индустрија,но наместо навремено да се разгледаат за да знаеме по кои услови кога и како ќе можеме да работиме,сега се соочуваме со тотален хаос. Ќе се организираат масовни прослави и забави во склоп на отворените тераси каде што ќе има присуство на енормен број гости, повикувајќи се на протоколите за организирање на настани,додека угостителските објекти ќе се среќаваат со проблеми да не можат истите да ги организираат дури и во минимален обем  и покрај исполнувањето на сите услови за работа-велат од независната угостителска комора.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста