ВЛАДАТА МОЛЧИ ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА НЕПОТИЗАМ И ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ ВО ТЕЛЕКОМ

Владата и натаму молчи по обвинувањата во медиумите за политички реваншизам, но и за класичен непотизам во македонски Телеком. Порталот Лидер неодамна објави дека во фирмата каде Владата е акционер, била донесена одлука за технолошки вишок која се однесува на единаесет неподобни лица. Иако формалната причина е вишок на вработени и дуплирање на работните места, според порталот во суштина се работи за политички реваншизам врз кадри кои не се блиски до СДСМ и раководната структура на Телеком.

– Дел од вработените не може да се никако технолошки вишок затоа што се на позиции каде нема други вработени со таа работна задача – изјавил за Економски Лидер, високо позициониран извор во компанијата.

Од друга страна, во истата компанија, објавува Лидер, непотизмот како појава широко е распространет со власта на СДСМ, па така, се вработувале сопруги на функционери, братучеди, како и други роднини на носители на јавни функции под државна капа. Иако порталот побарал официјална информација до пред објавувањето на ваквата вест не добил ниту потврда ниту демант. Според Лидер во Телекомот се вработени и Наташа Љушева, сопруга на Никола Љушев,Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година. Гордана Пројкоска, сопруга на Славко Пројкоски , кој е Главен директор за финансии на Македонски Телеком. Драгана Станчева, сопруга на Бранко Станчев , Главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком. Конечно, анализира Лидер, во изминативе три години Телеком го тресат разни скандали, а Владата иако е акционер во самата компанија премолчи на правото заеднички да одлучува во носењето на крупни одлуки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста