Владата го „преспа“ уривањето на „Парк“, некролог за местото кое не дочека да биде прогласено за споменик на културата

На локацијата на која  забрзано се руши ресторанот “ Парк” за на неговото место да никне хотел на 3 ката и потпокрив, осамна некролог на кој пишува дека ресторанот кој доби специјално признание на Биеналето на Македонската архитектура е жртва на урбан криминал.По аферата со рушењето на репрезентативниот објект во Горица на инфорамтивната табла за означување на градилиште поставена деновиве, со маркер рачно е испишано дека 25.06.2019-та е означен почетокот на градбата. Но, на оваа снимка која екипата на Алфа тв ја направи на 24 феврури годинава,се гледа дека на локацијата не се изведуваат никакви градежни работи а ресторанот  “ Парк” тогаш сеуште пркосеше. Згора на тоа на информативната табла корегирано е и името на компанијата која првично се јавувала како изведувач на градежните работи.

И во една ваква ситуација,откако ресторанот “ Парк” речиси е веќе страмнат со земја министерството за култура вчера побара од Владата да усвои информација во рок од два дена да се формира стручна комисијакоја ќе изврши увид во работата на општина Охрид поврзано со процесот на издавање и спроведување на одобрението за градење и ја задолжи општината да превенира градежни работи на посочената локацијата, што предизвика реакции кај граѓанските активисти.

Формирањето комисии и правењето планови се стандардните импотентни алатки кои веќе со децении ги злоупотребуваат македонските заробени институции кои ниту се способни ниту се заинтересирани да посегнат по вистинските решенија – изјави Драгана Велковска-Охрид СОС.

За усвоените закучоци на Влада,побаравме дообјаснување но и став од министерката за култура Ирена Стефоска, која иако е Претсетдател на Националата комисија на Унеско и прв човек на министерство под чија капа се наоѓаат сите институции задолжени за заштита на културното наследство, сепак се прогласи за ненадлежна да одговори на прашањата.А не интерсираше:дали формирањето на комисии не е задоцнета реакција со оглед на фактот дека ресторанот повеќе не постои,што точно значи превенирање на градежните работи за посочената локација? Што ќе направи доколку комисијата утврди дека зад изградбата на хотелот се крие неважечка документација и одбрение за градба,дали некој ќе одговара кривично и  дали сето ова дополнително ќе влијае за ставањето на Охрид на листата на загрозени подрачја?

Министерство за култура : “Министерката како претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, кое е советодавно тело,може да алармира, но не и да ги преземе туѓите надлежности.” – стои во соопшетнието во кое се наведува дека Планот за управување со охридски регион е донесен во 2020 година и важи за целата територија на Регионот. Тоа сепак не значи дека претходните дозволи и одобренија за градба  можат да го нарушуваат заштитеното подрачје.Ова во целост се коси со ставот на охридскиот градоначалник Георгиески кој тврдеше дека Планот за Управување соОхридскиот регон не можел да се спроведува ретроградно на завршени постапки и издадени одобренија за градба.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста