Владата ги игнорира антикорупционерите за случајот со вработувањето на сестрата на Катица Јанева

Иако сестрата на поранешната специјана обвинителка Катица Јанева ,не доставила целосна и навремена документација за да биде член на управниот одбор на Комисијата за хартии од вредност, сепак Лиле Делиџакова се уште е член и зема плата од владиното тело. Пред повеќе од 7 месеци Антокорупциска реагираше, бараа од Владата повторно преоценување на постапката за избор и претседател на Комисијата. Велат дека се уште немаат добиено информации за нивното барање.

Владата на Р.Македонија се уште нема доставено информации по однос на нејзиното постапување по доставената иницијатива од ДКСК по предметот избор на членови на Комисијата за хартии од вредност. Во текот на наредната недела ќе се одржи состанок со Љупчо Николовски на кој ќе се разговара и за овој предмет-велат Државна комисија за спречување корупција.

Во јули минатата година од комисијата за спречување на корупција реагираа за изборот на Делиџакова  за која дел од документите што ги има доставено во апликацијата се со датум подоцна од датумот до кој требало да се достават до Владата. Владата ја избрала без да биде обезбедена целокупната потребна документација согласно Законот за хартии од вредност.

Алфа побара одоговри од Владата, кога ќе ги испратат потребните информации кои антикорупциска ги бара и дали ќе се преиспитува одлуката за избор на членови на Комисијата, но до почетокот на вестите одговор не добивме.

Сестрата на поранешната специјална обвинителка лани во 2018тата стана член на КХВ на предлог на Владата откако за претседател на ова тело беше избрана Нора Алити, кандидат кој го предложи ДУИ.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста