Владата денеска ќе ја одржи редовната 26-та седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 26-та седница со повеќе точки на дневен ред.

На денешната седница, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање се неколку измени на закони меѓу кои и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина.

На седницата, меѓу другото, пред министрите ќе се најде и Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-програма за изменување на Програмата за едукација на лекари и медицински персонал, поднесени од Министерството за здравство.

За заклучоците и одлуките од седницата, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста