Влада: Акцизите се зголемуваат за 3 денари

Акцизите на нафтените деривати и официјално се зголемуваат за 3 денари – соопшти портпаролот на Владата Муамет Хоџа. И покрај тоа што Стопанската комора на Македонија побара 2 денари пораст, Владата се одлучила за зголемување од 3 денари по литар. Вакво решение, според Владата се донело за да се ублажат економските последици и да с еобезбедат повеќе пари во буџетот за сервисирање на тековните потреби. И покрај бурните рекции кај граѓаните и од бизнисот, особено од транспортерите, Хоџа објаснуваше дека ваква одлука се донела бидејќи Македонија имала најниски акцизи и најниски цени на горивата во регионот и Европа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста