Вклучен црвениот аларм за новиот смртоносен вирус

Нов смртоносен вирус кој ја зеде и првата жрва го вклучи црвениот здравствен аларм во целиот свет. Доаѓа од Кина, а Светска здравствена организација предупреди за опасноста од брзо ширење низ сите болници. По појавата на нова зараза, неминовно се поставува прашањето дали македонските болници со супстандардни услови, како оние кои немаат ниту топла вода, а згрижуваат пациенти, можат да се справат со смртоносните вируси што демнеат.

Од Институтот за јавно здравје велат дека болници што не ги задоволнуваат основните стандарди не би можеле успешно да се соочат со ваквите состојби, иако, не веруваат оти во земјава имало такви.

Ако човек од Кина заразен со овој вирус пристигне во Македонија, тешко оти веднаш ќе биде целосно и прецизно дијагностициран, бидејќи реагенси се уште нема.

Симтомите на новиот вирус се слични на оние за грип – температура, треска и тешкотии во дишењето. Засега е потврдено оти т.н. Вухан-вирусот е дел од родот бета-коронавируси, а освен во Кина, за 24 часа потврден е на две локации Тајланд и Јапонија.

Сања Трајковска Ставров

Advertisements