Вјоса Османи нема да добие извинување од МНР: Муцунски бара мирно разрешување за индидентот на скопскиот Аеродром

Вјоса Османи нема да добие извинување од МНР: Муцунски бара мирно разрешување за индидентот на скопскиот Аеродром

Прво институционална разрешница во Македонија, а потоа доколку има простор -ќе има реакција на протестната нота од Косово. Македонското министерство за надворешни работи и трговија, во соопштението наведува дека веќе ги побарале сите потребни информации од истражните органи за целосно расветлување на инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи. Од МНР посочуваат дека помеѓу Македонија и Косово има позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка.

  • Изразувуваме жалење за недоразбирањата кои се случиле во текот на при патувањето на претседателката на Република Косово Н.Е. Вјоса Османи на меѓународниот Аеродром во Скопје.Напоменуваме дека од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија во врска со настанот веќе се побарани информации од сите надлежни институции. Откако ќе биде направена соодветна анализа на прибраните податоци во непосредна соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе бидат преземени сите потребни активности и мерки, а со основна цел во иднина да се избегнат вакви или слични појави и ситуации“ стои во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

Официјална Приштини вчера, доцна попладнето испрати протестна нота во македонските власти за брзо расчистување на инцидентот кој се случил на скопскиот аеродром. Меѓу другото бараат и ваквите настани во иднина да не се повторуваат.

Од кабинетот на претседателката на Косово веднаш по инцидентот упатија сериозни обвинувања кон ТАВ Македонија, а наводниот напад кон претседателката, го сметаат како напад кон Косово. Оттаму велат дека однесувањето на македонскиот аеродромски службеник е спротивно на секоја меѓународна практика, според која, шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитети.

Според информациите кои ги сподели ТАВ – Македонијаги демантираат наводите од кабинетот на претседателката на Косово дека нивен вработен се обидел да и го одземе телефонот. Насоките за Османи биле дека членовите на делегацијата на Османи морале да поминат стандардна безбедносна проверка, а исклучоци од стандардниот безбедносен преглед, важело само за официјалните гости на Владата на Македонија, за што операторот на аеродромот добива официјално известување од МВР.

Имено, претседателката на Косово не била во официјална посета на земјава, туку само транзитирала пред да фати авион за Љубљана. Барањето на службеникот предизвикало жестока реакција од страна на обезбедувањето на Османи, а половина час подоцна и од обезбедувањето на Африм Гаши, спикерот на македонското Собрание. На крај багажот го поминал скенерот и авионот полетал со задоцнување.

Од МВР го потврдија инцидентот. Велат дека веднаш бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста