Витамини и корона – што навистина помага?

Поради големиот страв и паника да не се заразиме со Ковид 19 голем дел од нас на своја рака решија да поработат на зајакнување на имунитетот. Разни витамини, суплементи, додатоци во исхраната се бараат се повеќе во аптеките.  Но ретко кога тоа се прави по препорака од лекар, најчесто е на своја рака. Но колку што можат да ни помогнат, толку неправилното користење и зголеменото внесување на одредени витамини во организмот може да ни наштети. Токсикологот д-р Беќаровски алармира многу е важно да се знае кои точно витамини треба да се пијат и во колкави дози. Затоа предупредува дека  е неопходно матичниот лекар да одреди.

“Луѓето се исплашени и во таква ситуација пациентите посегнуваат по секаков вид на совет. Мојата препорака е следнава: контактирајте со вашите матични лекари, барајте точно од нив протоколи…за тоа како ќе се лечите. Проблем е екстермниот внес на витамини – суплементи. Не е голем проблемот со Ц витаминот затоа што вишокот од витаминот се лачи. Меѓутоа екстермно високо давање на Д витамин може да предизвика хипервитаментоза… каде што дел од симптомите можат да имитираат на лажна ковид инфекција.” – вели д-р Беќаровски.

Пациентите со Ковид-19 кои имаат полесна клиничка слика и се лекуваат дома, голем дел од нив земаат на своја рака и антибиотици. Според лекарите тоа е недозволиво. Докторите постојано алармираат дека антибиотиците дејствуваат врз бактерии, а не врз вируси и дека тие може да бидат препишани за да се избегне или излекува бактериска инфекција. Инаку, најбарани витамини од почетокот на пандемијата се: Витамин Ц, Д, цинк, селен и магнезиум. А најбаран антибиотик, но и најкористен е сумамедот

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста