Вишка:Се е исполитизирано, останав актер – почетник, не добив унапредување

Соживот. Едно општество за сите. Денес ги добив одлуките за унапредување. Не ја добив мојата што е одбиена туку на колегите што се унапредени пишува актерот Висар Вишка, откако ги добил информациите дека не е меѓу унапредените актери затоа што за надлежните тој е сеуште почетник. Имено , и покрај долгогодишната кариера Вишка тврди оти  се наоѓа во т.н. 4та група – во која се актерите почетници.  

Не за секој важи тој закон. Таму сум останал во 4-та група. Веќе колку години работам и колкава кариера имам, сите се унапредуваат, сите одат напред, сите до прва група до првенци, јас останав во четврта група. Тоа се разбира, кај нас е се исполитизирано и се оди преку тоа дека треба да се продадеш да избработиш во паријата или да ќутиш-вели за Алфа актерот Висар Вишка. 

Дека во културата вработувањата и добивањето поголеми функции се крајно исполитизирани  тврди и актерот Сашо Тасевски. Последно беше назначувањето на Нора Шакири за в.д.директор на театар комедија. Медиумите потсетија на една нејзина преписка со премиерот отворено на Фејсбук, каде таа му замерува што не и дал работа иако е гласен поддржувач и член на СДСМ.  

Остана се максимално партизирано, дури јас мислам дека е кренато на едно повисоко ниво, затоа што некои луѓе на некој начин изгледа на некој начин придонеле за победата на СДСМ во 2016 година дека заслужуваат да имаат некоја функција повисока.

Целата култура е партизирана, не само еден театар, комедија театарот. Ова што сега се случува во театар комедија беше борба на две лобја од еден ист тим, така да успеаја да избркаат еден, со право или не, не навлегуваме во тоа и си донесоа друг нивен човек-рече Сашо Тасевски во емисијата Што не јасно? на Алфа тв.

Се почесто на виделина излегуваат партиските вработувања, а јавноста не останува рамнодушна на тоа. Неодамна за нов директор на Центарот за култура, „Антон Панов“, беше назначен фискултурец, па преку 250 културни работници преку писмо побараа од министерката за култура да стави крај на мешањето на политиката во културата.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста