Вирусот во Тетово во фаза на широка трансмисија,денеска нови шест хоспитализирани

Шест нови пациенти се хоспитализирани во тетовската клиничка болница.Бројката на заразени кои се лекуваат се искачи на 32.Состојбата со ковид станува се посериозна. Вирусот е веќе со широко распространета трансмисија,алармираат во Центарот за јавно здравје.

  • Ние до 6 јули сме имале шест лица на домашно лекување, сега имаме 220 лица, тоа е еден месец.Веќе нема кластери, влегува  градот во фаза на широко распространета трансмисија, сите се фамилијарни кластери, поврзани со семејни настани-рече Д-р Сузана Субашиќ- Центар за јавно здравје Тетово.

Од вчера пациенти има и во модуларната болница.Засега таму има уште десетина празни кревети, доколку има потреба ќе се обезбеди простор и на други одделенија.Перосоналот е мобилизиран.

  • Овие 3-4 дена веќе бројот е зголемен, енормно е зголемен, меѓутоа веднаш направивме реорганизација, ангажиравме пероснал од други одделнија.Директорот дал вчера наредба да се прекинат сите летни годишни одмори, може да е тоа и од страна на Министерот наредба-рече Д-р Халил Алили- Инфектолог .

Иако состојбата во тетовско е алармантна и веќе се чувствува голем притисок и врз клиничката болницата, надлежните сеуште не размислуваат да воведат рестриктивни мерки.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста