Винсен Компани стави крај на играчка кариера

Винсен Компани стави крај на професионалната играчка кариера. Тој минатото лето го напушти Манчестер Сити и дојде во екипата на Андерлехт каде одлучи да игра уште една година. Сепка плановите се сменија од ова лето и тој се реши за пензија, по што веднаш ќе ја преземе тренерската улога во белгискиот состав со кој потпиша четиригодишен договор. Компани поголемиот дел од кариерата го мина во Премриер лигата каде беше важен дел за одбраната на Сити со кој освои четири титули во Англија и забележа 360 настапи за11 години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста