ВИЊАЛЕС најбрз на квалификациите пред трката за ГН на Австрија

Маверик Вињалес ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Австрија која е четврта во годинешниот календар на Мото ГП шампионатот. Вињалес го имаше најбрзиот круг попладнево на патеката „Ред Бул ринг“ оставајќи ги зад себе Џек Милер и следеше Фабио Квартараро со кој и е комплетиран првиот стартен ред. Андреа Довициозо за кој денот беше потврдено дека заминува од екипата на „Дукати“ иамше четврто време, а во вторито ред ќе бидат распоредени уште и Пол Еспаргаро на „КТМ“, и Жоан Мир на „Сузуки“.