Аналитичари: Мицкоски најави нов пристап во работењето на владата – без пардон кон соработниците

Аналитичари: Мицкоски најави нов пристап во работењето на владата – без пардон кон соработниците

Нов лист во работењето на владините функционери. Силни пораки од мандатарот Мицкоски до соработниците во новиот владин кабинет. Со засукани ракави на работа уште од првиот ден – наместо скандали како до сега, да испорачаат резултати и да ја оправдаат довербата од граѓаните. Експерти коментираат дека идниот премиер воведува нова пракса на работење на државните институции – порака која ја испрати од партискиот роденден.

  • Сега се направи еден навистина суптилен чекор, настанот за роденденот, се направи во Велес во работно време, што е многу интересно и е со една своевидна порака дека родеденот треба да го прослават тие што се дел од најтесни стуктури и не е место за позирање и лобирање што мене ми се допаѓа, барем во овој момент кога се презема власта. Пораките на Мицкоски треба да ги сфатиме многу сериозно, бидејќи стуктурата која што досега ја владееше државата во голема мера т.е. во целост оди во аут, и СДСМ и ДУИ..“ вели Александар Ристевски – политички аналитичар.

Познавачи велат дека издржани се барањата на Мицкоски до министрите со оглед на состојбите во кои се наоѓаат клучните сектори во државата.  

  • 100 дена влада е оправдување за неработење, ние ги плаќаме уште од првиот ден и кога веќе се министри треба да имаат јасен план, не да кажат дека е потребно време да се запознаам, треба веднаш да седнат и  да ја средат работата, гледаме дека има сериозно проблеми во здравството, проблем имаме со инвестиции, да не зборувам во Министерството за правда, верувам дека ќе дадат сè од себе..“ смета Синиша Пекевски.
  • Реалноста е навистина сурова – зошто? Затоа што досегашната власт буџетот го гледаше како една желботека на сите можно и да задоволи многу  потреби. И моментот кој што требаше да е круцијален, тоа се капиталните инвестиции, за наредните 4-5 години е целосно затворен околу дилот со Бехтел и Енка, гледаме дека во искличително битните објкети во изминативе 7 години буквално шајка не се стави…“ вели Ристовски.

Мандатарот Мицкоски на 34 партиски роденден порача дека немаат ниту 100 минути, а камо ли 100 дена грејс период и министерите веднаш треба да почнат со реализација на проекти и да испорачаат резултати. Без разлика од која партија доаѓаат, одговорност ќе има одговорност за сите функционери кои нема да го почитуваат законот, рече Мицкоски а како премиер ветува дека ќе биде еднаков за сите. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )