И без лидерска Мицкоски ги соопшти позициите на ВМРО-ДПМНЕ за спорот со Бугарија

Кој и зошто бега од лидерска средба?  Несигурноста на Заев ја носи Македонија во пропаст, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, од СДСМ пак велат нема потреба од лидерска по изјавите на опозицијата.

Најавуваната средба нема да се одржи, иако опозицијата бараше, но власта не сакаше, потоа Заев се премисли може да има средба, па еден ден подоцна пак со нов став, лидерска нема да има.

Но и без лидерска , опозицијата ги кажа ставовите кои сакала да ги сподели на средбата.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие како партија никогаш не би прифатиле дека Бугарија во втората светска војна била ослободител, туку наглсува оти биле окупатори, а потоа потпишале капитулација.

Ако е ставот на соседна Бугарија дека ние наеднаш во 1945 година, сме се освестиле и од тој момент сме се прогласиле за македонци кои што го кодифицирале својот јазик, таа теза не можеме да ја поддржиме затоа што таа нема ниту историска ниту пак било каква етнолошка антропологија. Ако е нивната теза дека тука биле администратори кои дошле да не ослободат и идеолошки два дела на бугарскиот народ се спротивиле за втората светска воја тоа не можеме да го прифатиме зошто не е така, рече Мицкоски.

Мицкоски рече следна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ би го напуштила договорот со Бугарија во случај бугарската страна да не отстапи од своите позиции на, како што рече, „асимилација на овој народ“.

„Ако после определен временски период упорно се продолжи на асимилација на овој народ, се напушта билатералниот договор потпишан со Бугарија. Таа влада, којашто јас ќе ја предводам, ќе го напушти тој договор. Затоа што тој договор не дал просперитет или шанса за просперитет на овој народ, без разлика на различните етнички групи коишто се дел од оваа држава…на македонскиот народ и ќе бараме нов договор со Бугарија“, вели лидерот на опозицијата.

Од СДСМ пак реагираат на изјавите на првиот човек на опозицијата, велат дека Мицковски со ваквите поенти работел на штета на државните ставови.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста