Андоновски ветува дека ќе стави крај на чекањето со часови пред шалтерите

Андоновски ветува дека ќе стави крај на чекањето со часови пред шалтерите

Со дигитализирање на услугите до борба против корупцијата. Предлог-министерот за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски со ветување дека, чекањето пред шалтери со системски измени ќе го заменат со брзо вадење изводи и документи од државните институции. Стратегиите кои ќе ги работи министерството ќе бидат транспарентни, ќе се консулатира фелата и партнерите, вели Андоновски, а не по ходници со затворени врати.

  • Прво нешто со што ќе се зафатиме е ова позади мене, една точка за услуги, едносно дигитализација на регистри, и не издавањето на потврди на матичната евиденција, тоа е нешто со кое прво ќе се зафатиме и се надевам ќе можеме да покажеме успешност во оваа насока.  Потоа позиционирањето на минситерството стратешки, во смисла на сајбер стратегијата и ИТ стратегијата на ниво на држава, која ќе ја работиме со еден широк круг на луѓе нема да ја криеме по ходници, нема да ја правиме зад затворени врати туку заедно со фелата, заедно со партнерите ќе изработиме стратегија што ќе значи подобро позиционирање. Она што можам да го најавам е бескомпромисна борба со корупцијата. Дигитализацијата ќе значи објективизација на процесите ќе значи дека не може да се кријат предмети по фиоки, не може да се чекаат постапките..“ вели во изјава за Алфа, Стефан Андоновски – предлог-министер за информатичко општевство и дигитална транформација

Системски ќе бидат измените за дигализирање. Министерството за дигитална транформација ќе ги подготви, но ќе се однесуваат на сите владини институции.   

  • Процесот на дигитална транформација ќе биде комплексен и ќе биде системски. Ќе се однесува на сите институции, на целата држава, на целиот државен апарат. И затоа ќе биде потребен системски пристап од целата Влада не од едно министерство. Сепак ова министерство ќе биде предводник на овие процеси. Во план е да се дигитализираат сите услуги, да ги надминеме шалтерите и чекањето во редици на граѓаните, да ја надмине ситната корупција, затоа што сите знаеме матично во Градот Скопје, но и во другите поголеми центри е извор на корупција, на она што се нарекува ситна корупција но граѓаните секојдневно ја гледаат. А тоа значи за еден извор и една потврда ви се потребни да додадете 500-600 денари“ коментира предлог-министерот.

Добра замисла, лоша реализација е досегашното функционирање на системот „една точка за услуги“, што значи секаков документ се вади од едно место – смета Андоновски… Ова ќе биде првиот проект на кој ќе работи министерството.  

  • Една точка за услуги по мене, мора да се прошири, освен што ќе го зголеми бројот на услугите, мора да биде и поблиску до граѓаните. Затоа што дигитализацијата не смее да значи граѓаните кои што не употребуваат современи дигитални уреди, сепак треба да бидат дел од процесот на дигитализација и овие точки на услуги ќе бидат сервисната точка или ние ги нарековме терминали на услуги, за граѓаните кои сакаат да дојдат да си ги извадат документите на лице место, но тие мора да бидат пристапни, освен оваа тука имаме уште 4 други кои воопшто не се искористени..“ вели Андоновски.

Стефан Андоновски е предлог – министер за информатичко општество и дигитална трансформација во Владата на Мицкоски. Тој е секретар за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, а во последната техничка Влада беше и заменик министер за информатичко општество и администрација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )