„Везилка“ – нова емисија на АЛФА што ќе ја донесе Македонија во вашите домови

Ново семејно, ултра забавно шоу за сите генерации наскоро на Алфа. „Везилка“ е новиот проект на Алфа телевизија кој ќе го врати духот на традицијата и обичаите и ќе ви приреди уживање за сите сетила. Нашиот фолклор, најубавите песни и највкусните јадења на едно место. Ќе ги посетиме сите краишта на Македонија и ќе ви го претставиме културното богатство на нашиот народ. Нашите гости и содржините кои ќе бидат дел од оваа нова емисија, преку екраните ќе успеат да ви ја донесат Македонија дома. Очекувајте викендите да ви бидат исполнети со многу музика, пријатни разговори и убави мигови поминати со Алфа телевизија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста