Ветуваше мир и безбедност, а донесе несигурност за стружани – Се бара изземање на Рамиз Мерко

Ветуваше мир и безбедност, а донесе несигурност за стружани – Се бара изземање на Рамиз Мерко

Апсењето на дваесет и тројцата криминалаци кои една година тргувале со дрога и оружје не е случајност нити пак некого изненадуваат,но потсетуваат на изневерените ветувањата кои струшкиот градоначалник и ги даде на стружани.

Борејќи се за својот четврт градоначалнички мандат ,Размиз Мерко во изборната кампања во 2017-та година ветуваше дека ќе гради мир и безбедност за граѓаните на Струга,но не само што не ги сочува, туку ја загрози личната безбедност и за своите постапки е прогласен за персона нон грата од американскиот Стејт Департмент. Поради несигурноста создадена од нефункционирањето на законот и на органите на правната држава под негово влијание, нашите домови секојдневно се празнат, создавајќи слободен простор за делување на инкриминираните,реагираат од струшкиот огранок на Алијанса на албанците.

ТЕЛОП Алијанса на албанците : Дека во Струга, град со мал број жители, за еден ден се извршени претреси на 36 локации и се лишени од слобода  20-тина лица според полициски извештаи, значи дека органите на правната држава во Струга не функционираат, дека се во длабок сон и истите како такви и денеска не функционираат. Што значи се потврдуваат наводите на Американскиот Стејт Департмент, за влијанието на Мерко во судските постапки заради што 30-тина предмети што се покренати против него немаат разрешница

И додека од Алијанса бараат изземање на Мерко од функцијата градоначалник со цел како што велат, Струга и стружани да се ослободат од институционалното заложнштво, а органите на правната држава да почнат да функционираат според законот- чаршија шпекулира со имиња на приведените кримналци кои се занимавале со дрога и оружје,поврзувајќи ги со локални фукционери и моќници,во чии домови бил вршен претрес но барем за сега некои од нив, не се меѓу приведените.

Инаку,мозокот на криминалната група биле стружанец, еден охриѓанец  и еден албански државјанин кој престојувал во Струга.Едниот набавувал кокаин и марихуана од Албанија и ја сокривал на безбедна локација во струшко, а дел од  дрогата, наменета за брза продажба ја пренесувал во два угостителски објекти во Струга. Дрогата која не се продавала веднаш, спакувана во помали пакувања се продавала преку мрежите воспоставени од останатите тројца организатори.Кокаинот го продавале по цена од 60 до 100 евра за еден грам, додека маслото од канабис го продавале по цена од 40 евра од кубик. И не само дрога,криминалците продавала поголема количина на оружје и муниција.Најмладиот од криминалната група има 21-на, а најстратиот 76 години.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста