Ветувањата едни, реалноста сосем друга- ќе им удоволи ли Заев на ДУИ и БЕСА за да остане на власт?!
Воведување двојазичност во приватните фирми и субвенции за вработување припадници на малцинските заедници во приватниот сектор, овие точки станаа главни приоритети на Владата, наместо ветуваниот економски препород. Ова се главните цели на ДУИ и БЕСА, по спроведувањето на двојазичноста во Македонија
Дали Заев се цел мир во Владата, ќе попушти пред овие барања на своите коалициони партнери останува отворено прашање. Во минативе години веќе попушти околу двојазичноста, за која ветуваше дека ќе ја нема, но и се прашуваше.
-Кој бе тоа ќе спроведе во Струмица, во Радовиш, во Прилеп, во Кавадарци двојазичност? Глупости невидени до каде забегаа, изјави Заев на 07.12.2016.
За разлика од овие ветувања и прашања поставени со чудење од страна на премиерот, четири години подоцна ситуацијата е сосем поразлична. Денес и граѓаните на Струмица, Радовиш, Прилеп и Кавадарци, ги слушаат дел од највисоките владини функционери како прво се обраќаат на Албански, па потоа на македонски јазик од прес салата во Владата на Македонија. А еден од нив и првиот вицепремиер, или премиер на државата, кога Заев на пример е некаде на службено патување или одмор.
-Сега би ви се обратил на македонски, изјави Груби откако прво се обрати на албански јазик.
Примерот на Груби го следеше и министерот за економија Крешник Бектеши.
Наместо исполнување на владината програма, барем засега реториката на ДУИ и БЕСА покажува дека главна цел ќе им биде исполнување на политиките во корист само на Албанците. Бектеши дури на новинарите Македонци им порача дури и да си научат албански.
-Вас ви одговарам на македонски, на новинарите Албанци им одговарам на албански јазик. Секој дополнителен јазик е додадена вредност, тоа секако би било и за вас како новинари, имајќи во предвид дека има и многу функционери, но имате и многу колеги кои го зборуваат тој јазик, изјави Бектеши.
Дека е добро македонските новинари да научат албански порача и министерот за животна средина, кој прв пат после година и пол министерување проговори македонски на прес конференција.
-Можам да се изразувам многу добро ако сакате да знаете, ќе се научам полека нормално. Албански не е лошо да знаете, бидејќи сигурно не зборувате албански, изјави Нуредини на не толку добар македонски.
Ветувањата беа едно, реалноста сепак друго. Пред четири години беше ветувано дека нема двојазичност на територијата на цела Македонија, за четири години подоцна двојазични табли на институциите да се појават во места каде што не живее ниту еден Албанец.
Матеја Петровски