Ветувања без реализација – колку старо-новата Влада ќе се посвети на економијата?

Новиот премиер Димитар Ковачевски постојано ветува дека во фокусот на новата влада ќе биде економијата, практично „копи – пејст“ како и неговиот претходник Зоран Заев. Сепак, во изминатите пет години Македонија економски потона. Крупни капитални, но и странски инвестиции не видовме, па Македеонија економски заостана, зад најголем дел од земјите во регионот. Колку старо-новата Влада ќе се посвети на економијата?

Ветувања без реализација. Владините политики за справување со енергетската и економската криза ќе дадат резултат само доколку се имплементираат во целост. Бизнисмените и економистите се скептични – досега само мал дел од најавите вродиле со плод. Сепак, остануваат умерени оптимисти дека состојбите можеби и ќе се подобрат.

  • Оптимист сум во делот на предложените мерки од страна на Владата. Јас мислам, доколку сега се соочиме со целона имплементација на сето ова, ќе ги почувствуваат граѓаните добар дел од бенифитите кои сите ги сакаат и ги чекаат, вели за Алфа Зоран Ивановски, универзитетски професор.

Економските експерти мора да бидат чујени, велат бизнисмените, иако изминатиот период не било баш така. Изминатите пакети велат, биле со еден куп административни бариери и ретко кој ги искористил.

Државната помош за стопанството е обременета со куп административни бариери, па мал од компаниите и ја користат.

  • Ќе видиме на терен колку ќе дадат ефект. Ако се суди според искуствата. Секоја мерка, знаеме дека не може да е 100% искористена, голем број од компаниите, не можеа да бидат апликанти за мерките. Сложени беа процедурите. Тоа никако не смее да биде така. Мерките ако не бидат лесно прифатени, не може да има успех на економски план. Критериумите да не бидат злоупотребени и флексибилни, вели меѓу другото за Алфа Миле Бошков, од Организацијата на работодавачи на Македонија.

Премиерот Димитар Ковачевски ветува дека во фокусот ќе ја има економијата, слично како и неговиот претходник Зоран Заев. Сепак, во изминатите пет години резултатите изостанаа – дури и пред пандемијата нивото на странски и домашни инвестиции беше мало. Македонија заостанува зад Србија, Црна Гора, па дури и Косово, Босна и Албанија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста