Вештачката интелегенција стана дел од капањата за претседател на САД

Вештачката интелегенција стана дел од капањата за претседател на САД

Вештачката интелигенција веќе се појави на овие избори, како што беше случај на една компјутерски генерирана фотографија на која Доналд Трамп го гушка експертот за заразни болести д-р Ентони Фаучи, и лажен роботски повик на Џо Бајден кој им кажува на гласачите во Њу Хемпшир да ги прескокнат прелиминиарните избори.

Тајмингот на дипфејк за изборите е она што ги прави толку опасни, вели медиумската експертка Илејн Камарк од Институцијата Брукингс.

Дури и 24 часа пред изборите, некој објавува дипфејк или некои дезинформации. Навистина е тешко да се возврати, а на тесни избори тоа би можело да направи разлика“, вели Камарк.

Фирмата на Гупта „ДипМидија“ му помага на Пентагон да открие фалсификати за кои вели дека се популарни затоа што се евтини и лесни за производство.

На крајот, потребни се околу 15 минути за да се создаде дипфејк. Има многу бесплатни услуги на интернет. Ако сакате да платите за некои од подобрите, аудиоклип од 30 секунди, е можеби два цента“, вели Ријул Гупта, извршен директор на ДипМидија.

Ова е адвокатот и активист за слобода на говор Ари Кон.

Многу се зборува за Русија, но и Кина е особено таму, која се бори во трката за вештачка интелигенција за да се обиде да се придвижи напред“, вели Кон.

Кон вели дека најсофистицираните операции во странство имаат за цел да пласираат политичка дезинформација до влијателните Американци за тие да ги пренесат на други.

Најголемите американски технолошки фирми и платформи за социјални медиуми, ветија доброволно саморегулирање на вештачката интелигенција во политичките кампањи, но во моментов нема федерални закони кои ја регулираат практиката.

Многу, многу е тешко да се регулира политичкиот говор во САД. Првиот амандман го штити политичкиот говор многу силно и со добра причина: не сакаме владата да се меша во изборите“, додава Кон.

Гупта вели дека голем дел од тој проблем лежи во разликувањето помеѓу нешто што е лажно и нешто што е карактеризација на прашање со кое некој можеби не се согласува.

Значи, како да знаеме кога нешто е политички дипфејк?

Квалитетот на звукот е лош – тоа е навестување дека може да биде генериран со вештачка интелигенција. Можеби звучи некако глупаво или тривијално, но всушност само ги барате тие водни жигови и можете брзо да ги најдете во слики, аудио и видеото може повторно да филтрира многу. Значи, ако сте на видеоповик со некого и мислите дека е дипфејк, замолете го да свртат круг околу столот. Ако не го направат тоа, тогаш може да е дипфејк“, вели Гупта.

Кон вели дека вештачката интелигенција може да се користи за добри цели во политиката. Може да им овозможи на кандидатите да стигнат до заедниците на дијаспората на нивните јазици, а кампањите може да имаат подобар увид во однесувањето на гласачите за да можат подобро да ги приспособат своите пораки.

Јованчо Наумоски – Глас на Америка, Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )