Вештачењето во судската постапка клучно за праведни пресуди

„Вештачењето во судската постапка е од големо значење за донесување праведни пресуди. Во нашата држава донесени се бројни закони од кривичната и граѓанската постапка и нивни измени“ – велат стручните лица кои иако треба директно да бидат вклучени во процесот на вештачење, сметаат дека не секогаш нивните сугестии надлежните ги земаат предвид за правилна судска постапка. Здружението на судска медицина во соработка со Асоцијацијата за корпоративна безбедност во Скопје, Здружението на јавни обвинители и Интернационалниот универзитет „Еуро Прима“ денеска одржаа симпозиум на кој ќе беа разгледани предлог законски измени за законот за вештачење. Нивната цел е експертите и вештаците директно и транспарентно да бидат вклучени во судските постапки со цел да се подобри правосудниот систем во државава.

На денешниот симпозиум изјава за Алфа дадоа проф. д-р Атанас Козарев – претседател на Асоцијација за корпоративна безбедност – Скопје и проф. д-р Златко Јаќовски – претседател на Здружението на судска медицина на Македонија. Според нив, законот за вештаци треба да се измени и дополни со цел вештаците транспарентно да бидат вклучени во судските постапки. Само така може да се носат праведни пресуди.